Таг: Англија

Жената која можела да биде кралица на Англија

Неуспешната кампања за лејди Арбела Стујард да влезе прекутрупа во наследната линија започнала со проводаџиска шема воспоставена од нејзините две баби. Трагичноста на нејзината понатамошна судбина сепак не е во тоа што не станала кралица.

Помалку познатата Џејн Остин: нејзината сатирична книга за англиските монарси

Заедно со својата сестра Касандра, Остин во своите тинејџерски години напишала потсмешлива книга која се однесува на англиските монарси. Во неа Елизабета Прва е претставена како вештерка, а најголемите симпатии се кон Крвавата Мери.

Кодирани огласи во весници - пораки за патници и тајни љубовници во викторијанска Англија

Во средината на 19 век, во британските дневни весници од време на време се појавувале огласи кои делувале како бесмислици, или како словослагачот во печатницата да дошол на работа пијан. На криптолозите им требало долго време да откријат за што станувало збор: некои од нив биле пораки од семејството до конкретен патник и истражувач, а други очајни повици од тајни љубовници.

Жената која ги будела лондонските работници со зрнца грашок

Мери Смит била една од многубројните „будачи“ на работниците, кои во почетокот на 20 век и развојот на индустријата морале да се навикнат на тоа да не ги будат петли туку други, поранобудни луѓе.

20 години од најпознатиот слободен на Бекам во кариерата

На „Олд Трафорд“ на 6 октомври 2001-ра година во последното коло од квалификации за Светско првенство 2002, Англија играше со Грција. Англичаните и Германците имаа исто бодови на табела и го држеа првото место.

Тинејџерот кој лажел дома дека ќе оди на финалето на ЕП меѓу Англија и Италија

А можел да праша, не се до толку строги неговите колку што мислел. Врвно изненадување му направија откако го открија.

Детето кое го направи најубавиот кадар на месецот во Премиер лига

Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.

Одлично поентирање за Англичаните

Или поточно одлично поентирање за прецизноста на Англичаните, кои и четири дена после поразот во финалето на Вембли, глава не можат да кренат од тролање.

Како се однесуваа оние кои на цел свет му држат лекции како да се однесува

По спокојното Светско првенство во Русија 2018-та каде не смееше пиле да помине и хулиганите знаеа што ги чека ако направат и најмал проблем, пред и по финалето во Лондон полицијата во неделата вечер не можеше да ја смири толпата.

Епска драма на Вембли, Италија европски шампион!

Во финале на лондонски „Вембли“ кој крцаше до последно место, Италија ја совлада Англија 3:2 на пенали по нерешените 1:1 во регуларен дел и продолженија и втор пат во историја станаа европски прваци.

Пица на денот во англиско - италијански стил

Да сме ние во прашање би ја сквернавеле со ајвар, едно 15 ќебапи и пол кило кромид, ама сега им оставиме простор на финалиститите да видиме како тие би ја одиграле заедно. Секој според својата кујна нели?

Математичарот кој промаши клучен пенал на Евро 1996, сега е во прво европско финале за Англија

Во неговата играчка ера англискиот фудбал важеше за најлуд: со ексценричниот Гаскоњ, хулигани на многу страни и груба игра на сите терени. Но во таков амбиент Гарет Саутгејт уште од рана возраст се двоел од другите по својата култура, речитост и писменост.

Падобранец во ВАР собата на Вембли

Гори Твитерот и Фејсбукот после големата судиска неправда која синоќа и се случи на Данска. За пеналот реагираат и медиумите и разни фудбалски имиња, а кога веќе работата е завршена некои почнаа и да се мајтапат со моќта на Англија.

Со две топки се одигра акцијата клучна за финале

Ние се смееме на мак фудбалот, кога неодамна имаше циркузи со повеќе од една топка на терен, а тоа да ти проаѓа глатко и на едно Европско првенство и тоа во полуфинале.

Нова 120 минутна драма и прво историско финале на ЕП за Англија

Вембли е во транс, а и цела Англија откако нивните фудбалери за прв им го пружија задоволството да ги гледаат во финале на Европско првенство. Иако беа фаворити се изнамачија и дури во продолженија ја елиминираа Данска. Израмнија со автогол, а победија со многу контроверзен пенал.

Еврогол на Данска за прв погодок на ЕП директно од слободен удар

Заврши серијата на Џордан Пикфорд од седум натпревари без примен гол, а му ја прекина Микел Дамсгард во 30-та минута со мајсторија од слободен удар. Гледаме одлични први 45 минути на Вембли. Англичаните се вратија по само 9 минути за 1:1 на полувреме.

Тешкиот пат на Рахим Стерлинг на кого на 2 години му го убиле таткото

Најдобриот фудбалер на англиската репрезентација на Евро 2020 имал мошне тешко детство кое во една прилика го опишал еден негов наставник. Денес е предводник на селекцијата од која што милиони очекуваат да стане европски шампион.

Како дипломатијата ѝ помогна на Англија цело Европско да го игра дома?

На Евро 2020 Англија стигна до полуфинале кое ќе го игра на домашниот „Вембли“, како и многу претходни натпревари. До решавачката фаза Англичаните само еднаш го напуштија Лондон и тоа до Рим каде ја декласираа Украина во четвртфинале.

Во 2016-та навивал за Англија од трибини, сега им е топ дефанзивец на Европско

Да му кажел некој на Хари Мегваер пред 5 години дека во иднина ќе командува со одбраната на Англија, ќе постигне гол во четвртфинале и ќе се пласира во полуфинале на Европско, сигурно би го сметал за луд.

Дебакл на Украина, Англија броеше до четири

Со доминанта и моќна партија, селекцијата на Англија ја декласираше Украина и ја потврди фаворитската улога во последниот четвртфинален меч на ЕП. Два гола на Хари Кејн. Три од четирите погодоци ги дадоа со глава, што е рекорд на едно Европско.

Што нè чека до крајот на Европското?

Иако постоеше сомнеж како ќе изгледа замислата на УЕФА континенталното првенство да се игра во 12 града, се испостави дека таквиот ризик се исплател и гледаме фантастично Европско првенство.

Англичаните жестоко ја исвиркаа германската химна

Кога вакви сцени би виделе некаде во регионов, тогаш некои несфатени проповедници ќе грмеа како се тоа изливи на национализам, на бес, на фрустрација, на ужас. 29.06.2021 Вембли, Лондон: Англија - Германија пред 45.000 гледачи. Химната на Германците пред почеток на мечот