Со деби настапот и деби голот на Александар Трајковски оваа сезона, Палермо успеа да направи луд пресврт во Џенова и тоа благодарение на двајцата македонски напаѓачи кои ја завршија работата во 90-та минута. Иле асистираше, Трајковски погоди.
Палермо немаше победа 13 кола, а Александар Трајковски при водство од 0:1 на гостувањето во Фрозиноне со одличен слалом во 92 минута ја запечати победата и расплака една навивачка која собра скоро 1.000 лајкови кога се откри.
По пауза од 13 кола завршува црната серија на сицилијанците кои стигнаа до 3 важни бода во борбата за опстанок со директниот конкурент Фрозиноне. Трет гол за Трајковски во Серија А.
Лудиот сицилијански претседател на Палермо, Маурицио Ѕампарини сезонава се надмина себеси и со смената на осум тренери за осум месеци го направи конзервативен дури и претседателот на Реал Мадрид.
Палермо го декласираше Удинезе со 4:1, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна нов гол во Серија А, речиси идентичен како деби голот во Серија А против Фрозиноне.
Деби голот на Александар Трајковски во Серија А, кој го постигна против Фрозиноне влезе во изборот на топ 5 најубави голови на колото. Да му помогнеме на македонскиот репрезентативец, кој инаку денеска ФФМ го прогласи за најдобар фудбалер во странство за сезона 2014/2015, да ги победи конкурентите.
По голот во Купот на Италија, македонскиот репрезентативец Алек Трајковски го постигна и првиот гол во Серија А за Палермо. Во триумфот од 4-1 против Фрозиноне, Трајковски го даде третиот гол.
Стандардниот репрезентативец Александар Трајковски игра редовно за Палермо, а денес го постигна и првиот гол за калчолигашот во кој дојде летово од белгискиот Ѕулте Варегем. Палермо загуби дома 2:3 во купот од Алесандрија, а Македонецот го постигна првиот гол. Вториот беше дело на ветеранот Алберто Џилардино.
„Трајковски влезе во историјата на својата репрезентација. Постигна хет-трик против Црна Гора и стана четвртиот Македонец на кој му успеало тоа достигнување“, е натписот на Медиагол.
По срамниот пораз од Луксембург во квалификациите за ЕП во саботата, македонската фудбалска репрезентација се врти кон мечот со апсолутниот фаворит Шпанија. Црвената фурија утре вечер од 20:45 гостува на арената Филип Втори.
Од странците во Серија А командуваат Хрватите, Србите, Словенците, Босанците, Црногорците и Македонците, а во моментов ги има 47, повеќе од Аргентинците и Бразилците.
По Панчев, Пандев и Ибраими, од наредната сезона во Серија А ќе гледаме нов македонски репрезентативец кој е најавен како големо засилување во клубот од Сицилија. Трајковски го даде првото интервју како играч на Палермо.
Откако минатата сезона пишувавме за осуммина наши претставници во Лигата на Европа, од вечерва тоа ќе го правиме само за двајца, Мухамед Демири кој со тимот на Сент Гален е домаќин на руската екипа Кубан Краснодар и Бојан Марковски со Аполон Лимасол го пречекува тимот на Трабзонспорт.