Потребни состојки:
- пушено пилешко 150 гр.
- кремсир 50 гр.
- сенф со цели зрна 20 гр.
- путер 20 гр.
- пињоли 10 гр.
- тост лебчиња
Искрено, немам што многу да објаснувам за ова јадење. Се прави многу брзо. Јас го скоцкав на една седенка, бев и не бев гладна во исто време. Па си реков дај некое интересно мезенце набрзинка. На крај, излезе подобро од очекуваното. Сите ме сакаа, и јас си се сакав :)
Чекори за подготовка:
- Исецкајте го пилешкото на многу ситни коцки.
- Ставете го во еден сад и додадете го кремсирот и сенфот.
- Стопете го путерот, додадете го и сé заедно убаво измешајте.
- Откако убаво ќе го измешате, сервирајте го убаво и декорирајте со пињолите. Додадете и малку рукола за да ги разбие боите и да освежи. Се разбира, не ги заборавајте тост лепчињата.