Потребни состојки:
- оризови нудли
- тиквица
- печурки
- црвена пиперка
- брокула
- тофу (опционално)
- соја сос
- чили
- ворчестер сос
- путер
Реков дека се навлеков на азијска храна! :)
Прво, морам да ви кажам дека излудев последниве два дена. Ми се скрши таблетот, а на него сите слики што имам готвено. Сите рецепти. Не дека е нешто страшно, со бекап ќе извадам све, но оној мал срцев удар што го доживеав во моментот не беше баш пријатен. Сега сликам со телефон и не се лоши сликите.
Морав да зготвам нешто вчера бидејќи немав што да ви претставам. Искрено, рецептов настана по пат накај дома. Мртва гладна, си возам и си замислувам сендвич од 7-ца и во исто време си се карам себеси "Така, така, кај си сќофтана уште тоа ти фали". Аутоматски ми текна дека имам оризови нудли па застанав во маркет, купив зеленчуци и задоволна од мојот цврст карактер да одолеам на 7-ца си продолжив по пато што води накај регионалнио пат :)
Чекори за подготовка:
- Исецкајте ги сите зеленчуци за да ви биде полесно. Во тава ставете ги печурките (за печурките се договоривме дека не се мијат т.е. дека само се трга земјата, доколку има) без зејтин. Кога ќе видите дека добиваат боја додадете мало парче путер и малку маслиново масло.
-
Додадете го тофуто, се разбира доколку сакате. Ова е опционално.
- Додадете ги сите зеленчуци, чилито и промешајте.
- Откако ќе омекнат малце, по 3-4 минути додадете мало лажиче ворчестер сос и соја сосот.
- Додека ова се крчка, ставете ги нудлите да се сварат. Не им треба многу, 2-3 минути. Истите, сварени, ставете ги во тавата и убаво измешајте ги. Послужете ги веднаш и уживајте.