Виљареал со 3-0 го совлада Рајо Ваљекано а два нови гола даде Александер Сорлот кој стигна до бројката од 17 погодоци колку што има и Џуд Белингем, двајцата два помалку од лидерот Артем Довбик. Потегот на мечот го имаше левото крило на Виљареал и шпанската фудбалска репрезентација Алекс Баена.
Виктор Ѓекереш е најинтересниот фудбалер од сенка во најдобрите Топ лиги во Европа сезонава. Унгарецот кој игра за репрезентацијата на Шведска го води Спортинг Лисабон кон нова титула во домашното првенство.
Нема човек кој следи фудбал последниве 30 години, а да не знае кој е Роберто Баџо, симбол на италијанскиот фудбал, според некои најголем играч во историјата на оваа земја.
Минесота - Феникс 3:0, Далас - Клиперси 2:1 и Милвоки - Индијана 2:1 се трите плејоф средби од синоќа и од кои е составен најновиот збир на најатрактивни потези. Уживајте.
Кошаркарите на Далас Маверикс се изборија за нов триумф и поведоа со 2:1 во четвртфиналната серија на Западот. Тандемот Лука Дончиќ - Кајри Ирвинг функционираше перфектно.
Денвер Нагетс води 3:0 против Лос Анџелес Лејкерс во плејофот и има 11 од 11 на последните нивни соочувања. Никогаш не ги потценувајте дебелите луѓе. И Јокиќ беше дебел.
Само четири дена откако го сместија во тимот на сезоната, пристигна ново признание за македонскиот центарфор кој ја игра сезоната на кариерата во Шкотска.
Легендата на НБА, Чарлс Баркли имаше мало шоу во студиото после третиот натпревар од серијата меѓу ЛА Лејкерс и Денвер кој Нагетс го добија 112:105. Баркли извадил метла како алузија на она што ги чека „езерџиите“. Кени Смит му вика дека „Кралот не го заслужува тоа“ а Баркли додава: „Кралот оди дома после уште еден натпревар“.
Кошаркарите на Филаделфија ’76 го совладаа Њујорк 125:114 и намалија на 1-2 во серијата. Ѕвездениот центар на Фила постигна 50 поени (13/19 од игра и 19/21 од слободни), 8 скока, 4 асистенции и една блокада. Ова е негов личен рекорд во плејофот а стана и трет кошаркар во историјата на Сиксерс кој постигнал најмалку 50 поени во плејофот. Претходно тоа биле Ален Ајверсон (три пати) и Били Канингем.
Прво не го натскока, туку не му ни даде да скокне, потоа даде кош и изнуди дополнително слободно фрлање. Џејмс во немоќ ги крена рацете, во стил тоа е. Како да се бореше за топка против играч од Водњански Лисици, а не со еден од најдобрите во историјата.
Каталонците за малце ќе ја утнеа со Чави и прерано ќе го испуштеа, но го седнаа, му ја дадоа целосната поддршка и го убедија да остане во клубот каде има уште многу да дава. Да погледнеме снимка од тоа како ги мотивирал пред неговото деби.
Навивачите на еден од најтрофејните светски клубови Манчестер Јунајтед се фрустрирани од коло во коло. Екипата изгледа на распуштена банда која не знае кај тера. Во полуфиналето на англискиот ФА Куп Манчестер Јунајтед за малку ќе доживееше огромен срам, незапаметен во својата клупска историја.
Новиот германски шампион ја продолжи ненормалната серија на 45 меча без пораз откако во неделата во дербито со Борусија Дортмунд израмнија со гол буквално во последни секунди од мечот. Ова е којзнае веќе кој натпревар Леверкузен да дава гол во последни моменти од натпреварот. Доказ за нивната шампионска храброст.
Кралската фудбалска федерација на Холандија драконски го казнила Витезе со одземање 18 бодови во актуелната сезона. Одлуката е донесена во петок вечер поради што познатиот холандски клуб и математички испаѓа во втора лига.
Далас Маверикс ја крена формата таман на време, пред стартот на разигрување во НБА лигата. Ги чека голем ривал, ЛА Клиперс кој има по имиња најдобар состав во цела лига. Првиот дуел е во недела од 21:30 по Средноевропско време. Во меѓувреме Лука Дончиќ ги спрема Ирвинг и другите со балканска музика.
Јувентус продолжи со игрите топло-ладно и синоќа едвај извади бод на гостувањето на Сардинија кај Каљари. Јувентус губеше 2-0 по два пенали за домаќинот во рок од само шест минути: 30-та и 36-та. Влаховиќ намали на 2-1 во 61-ва со маестрален слободен удар а Досена си даде автогол во 87’ минута за конечни 2-2.
Шампионот Денвер Нагетс во недела го очекува првиот натпревар од плејофот против ЛА Лејкерс. Минатата сезона Денвер го совлада Лејкерс со 4-0 во серијата но сите четири меча беа тесни и далеку од лесни за Јокиќ и другарите. Никола ги собрал соиграчите дома кај него пред некоја вечер.
Италија и официјално доби 5 места во Лига на шампиони, пошто Премиер лига е најјака, а Италијаните нели се секогаш тапа по дифолт. Инаку во игра се и за 6-то место за следната сезона. Ви викаме дека глупа ви е дебатата и непотребна.
Чави искрено зборува речиси на секоја прес-конференција. Откако стана тренер на Барселона и тоа во тежок период по клубот во пост-Месиева ера, успеа уште во прва сезона да им донесе шампионска титула и добро да тераат во Лига на шампиони. Ама сам призна дека му е пеколно тешко да работи под огромен притисок и стрес кои му го прават медиумите и јавноста.
По спектакуларниот огномет минатата недела, вечерва на „Етихад“ во Манчестер, Сити и Реал одиграа потврд натпревар со само два гола, па следуваа продолженија и сурови пенали. Баерн Минхен по ремито во Лондон 2:2, вечерва го доби реваншот на свој терен и славеше 1:0 против Арсенал за ново полуфинале во Лига на шампиони со кое некако ја вади сезоната во финишот.