Во анализа за Њујорк тајмс, Дејвид Брукс објаснува дека поранешната прва дама не ги привлекува гласачите пред се заради својот темперамент, односно дека е постојано опседната со својата кариера и и' недостасува животна радост. Џон Мекартур во колумната за Ле монд дипломатик објаснува дека тоа е најмалку важното нешто што може да се каже за Хилари.
Изјава на републиканскиот кандидат за прв човек на САД од далечната 1998 година. Уште тогаш вика дека ако некогаш се кандидира за претседател, ќе се кандидира како Републиканец. Зошто?
Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.
Во декември 1991. година, идниот претседател на САД учествувал во ждрепката за четвртфиналето на англискиот Лига Куп. Ни крив ни должен, се испоставило.
СНЛ во саботата имаше скеч за компулсивното твитање на Трамп (совршено одглумен од Алек Болдвин) додека се подготвува да биде инаугуриран како претседател. Неполни 45 минути по емитувањето на скечот, Трамп твиташе за скечот за неговото твитање.
Трамп и претходно се жалеше дека неговата кампања некоректно била мета на истрага околу наводна вмешаност на Русите во американските избори 2016. Сега откако истрагата против Трамп не успеа, тој ја впрегна сопствената администрација да открие чија нарачка била истрагата.
Два дена по ред насловната на Њујорк пост (инаку поддржувачи на Трамп) беше со "ексклузивни" угол голи фотографии од манекенските денови на Меланија Трамп, во тоа време Меланија Кнаус. Наспроти досегашната пракса, сето ова мина без карактеристичната поддршка и гнев, пишува Лизи Крокер во Дејли бист.
Парите опфаќаат само закуп на простор за рекламирање, а не е и цената за нивно снимање или создавање, и за периодот од 14 дена ова му доаѓа повеќе од половина милион долари на ден.
Пред три недели првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, започна со истрага како и зошто воопшто дошло до тоа Роберт Мулер да спроведе истрага против американскиот претседател. По пат на помош ги викна и ЦИА и ФБИ.
Филмаџијата кој се чинеше осамен крик кога наброи 5 работи зошто ќе победи Трамп и уште летоска им порачуваше на Американците да се навикнат да ги изговараат зборовите "претседателот Трамп", објави листа од 5 работи кои мора да се направат веќе првиот ден по поразот на Хилари.
Одиме на конвенцијата на американскиот трет пат, кај либертијанците кои го избраа Гери - Алепо? - Џонсон. Да видите каква збирштина од луѓе е тоа. Да беше жив Малнар, ќе ги собираше во емисија. Со кои теми се занимаваат тие? Дали ти треба дозвола за да возиш кола.
Лесно гадливите евро-бирократи имаат неочекуван сојузник за својата политика за затворање на европските порти за бегалците од Сирија. Кандидатот за републикански претседателски избор мисли (чуј, мисли!) дека политиката на Ангела Меркел кон бегалците може да ѝ стави крај на Европската Унија.
Како на редовен консумент на вести, една австралиска новинарка мислела дека ѝ се познати сите ексцентричности и стилски лудории на актуелниот американски претседател. Се нашла во САД и решила да види како изгледа една негова прес-конференција. После тоа, не знаела од каде да почне.
„Кога го прашаа не знаеше што да каже, се тресеше како мало дете“, рече американскиот претседател за легендарниот Стив Кер, кој во неколку наврати се приклучи на одлуката на Вориорси да не ја посетат Белата куќа како шампиони во НБА (2017 и 2018).