Реал вчера со тешки маки извади бод дома против Лас Памас. Губеа играчите на Зидан 1-3 дури до 86. минута, а најголем кривец за тоа беше Герет Бејл кој во 47. минута од мечот доби два тотално глупи жолти картони и го исклучија.
Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.
На местото на отпуштениот Гери Невил кој имаше мизерен учинок, Валенсија за главен тренер го постави Пако Ајестаран, долгогодишен помошник на Рафа Бенитез. На неколку кола до крајот, што може да се очекува од „лилјаците“?
Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.
Многу добри играчи на Валенсија го напуштале клубот и заминувале во лутите ривали, но ниту еден никогаш не ги растажи навивачите како Пако Алкасер, фудбалерот чијшто татко почина на трибините на родниот клуб на синот.
Англиската Премиер лига е најдобра фудбалска лига на светот. Тоа го тврдат англиските навивачи, англиските новинари. Велат, на Островот се игра најдинамичниот и најдобриот фудбал.
Еибар е мало местенце со околу 30.000 жители во Баскија. Истоимениот тим од овој град е најпријатното изненадување оваа зима откако екипата игра во најдобра форма во Европа заедно со Сити и Јувентус.