На меѓународниот аеродром во Лос Анѓелес отворен е приватен терминал за ултра богати патници кои ќе можат не само да уживаат во луксузот кој им се нуди туку и да гледаат како во меѓувреме рајата се малтретира и злопати на стандардните терминали.
Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.
На денешен ден пред дваесет години се одржа закопот на принцезата Дијана, чија смрт останува една од најкоментираните и најанализираните во историјата на славните личности. Од каде ваквата опсесија со прераното заминување на некој славен?
Кога поранешниот тренер на ФК Работнички, Игор Ангеловски летото 2015 година пред турската спортска јавност изјави дека неговиот клуб располага со 350.000 евра, новинарите го прашаа дали е тоа месечен или неделен буџет. Тој одговори дека тоа се пари со кои клубот располага на годишно ниво. Токму пред тој негов состав капитулираше турскиот гигант Трабзон со буџет од 105 милиони евра.
Кејти Манзела е комичарка од Лос Анџелес и ќерка на поранешна зајачица со прекар Бејби Блу. Голем дел од детството поминала во Плејбој куќата, за која тврди дека секако имало забави, но имало и семејни денови, со вечера, филм и бањање во базен.
Натенане да се прошетаме низ дречавиот и надреален свет на еден турски секс култ кој е тешка постмодерна: кога не сонуваат за обновување на Отоманската империја, трепкаат со вештачки трепки, праќаат книги по светот, и си играат со кокаин и секс. А во Ердоган го гледаат клучниот лик кој треба Турција да ја направи модерна и религиозна.