Во вториот дел од приказната за Спалети ќе прочитате за успесите и проблемите во Зенит, неуспешниот кам бек во Рома, шпанската серија со Икарди и жена му, релаксирањето на село каде добил прво повик од Малдини, па од Де Лаурентис.
Не било лесно и не се случило преку ноќ. Приказната за тоа како легендарниот Холанѓанец заминал во Каталонија, кулминирала на 13 август 1973-та. Но таа започнала многу време пред тоа со еден куп сопки.
На луѓето им е преку глава новоразбудени корпорации да им држат лекции како да живеат и што да мислат, пишува Том Слејтер. Бил Бур имаше сличен став за прекинување спортски настани заради „зголемување на свесноста“. „Да ти прекинам филм само за да ти кажам дека познавам човек кој има рак, онака, за да бидеш посвесен?“ се зезаше бостончанецот.
Бил Бур се зезаше дека жените фабрички се љубоморни на мажите затоа што можат да бидат среќни со мали и едноставни нешта. Ѕирнете една машка дружба после која ајваните дома тешко ќе објаснат на што тоа толку заглавиле синоќа и дека не е тоа што госпожата го мисли (види наслов). Фан факт: најкласично машки гледавме до крај, за да видиме кој ќе победи.
Луѓето од Алабама во неделата се разбудија со новостекнато право да носат оружје без дозвола. Со оваа држава, сега во половина од американските федерални држави може да се прави тоа. Пред 13 години, шетање оружје без дозвола беше легално само во две држави.
Ја знаете онаа ситуација кога ќе ви кажат: „Знам дека нон-стоп се караме ама знам и дека длабоко во себе уствари се сакаме“. Бил Бур се најде во таква ситуација со Сара Силверман и поштено се извади од памет: Од кај па сега тоа?
Вечерва во Брисел репрезентациите на соседните земји Белгија и Холандија ќе се сретнат по 127. пат во својата долгогодишна историја а дуелот го следат неколку занимливости.
Само што влезе во игра шпицот на Севиља Висам Бен Једер во рок од 4 минути даде два гола и го исфрли Манчестер Јунајтед од Лига на шампионите. Жозе Мурињо после мечот имаше скандалозно излагање.
Бил Бур не може да се начуди како тоа од нација на хипици кои своите војници ги третираше како убијци на деца, Американците се претвориле во нација која доживува божја епифанија кога ќе види воени авиони над Супербол. А самиот штос со кој си навлекол гнев е многу буровски - здраворазумен, циничен и генијален: Ајде оној што вози џет да го рачунаме за јунак, ама оној што на писта му покажува во кој правец да летне?
Во 2015-та година еден познат писател од карипската земја Јамајка ја доби најпрестижната „Букерова награда“ за неверојатниот роман, а она што се случи со едно дете од неговиот роден град би можело да биде сценарио за филм за Оскар.
1. Основачите на Гугл биле подготвени во 1999-та да ја продадат компанијата на Excite за помалку од 1 милион долари, ама Exite ги одбил.2. Во анкета од 2008-ма, 58% од британските тинејџери сметале дека Шерлок Холмс бил вистински човек, а 20% сметале дека Винстон Черчил бил измислен лик.
Арго - филм на годината, Даниел Деј Луис - најдобар актер, Џенифер Лоренс - најдобра актерка, Анг Ли - најдобар режисер, Квентин Тарантино - најдобро сценарио. На Оскарите Линколн влезе со 12 номинации, Животот на Пи со 11, Клетници и Во добро и во лошо се со по 8 номинации, a Арго со 7.