Не направивме математика што беше најчитано годинава на нашето спортско милениче Офсајд, туку ги собравме на купче разговорите со ценетите Стиков, Адеми, Панчев, Бабунски, Лекиќ, Радичевиќ, Муарем Муарем, Тупан, Стефан Ристовски, Војдан Стојановски, Калински и Зоте.
Спортскиот викенд почнува со германско, а завршува со шпанско првенство. Покрај големиот број на фудбалски натпревари, имате за гледање и меч од регионалната ракометна лига и НБА натпревар.
Спортската среда се состои од градското ракометно дерби во регионалната ракометна лига и натпревари од фудбалската Лига на шампиони каде се комплетира последното коло во групната фаза.
Денес на програмата квалификациски дуел играат нашите ракометарки против Исланд. Се играат и последните натпревари од ракометната ЛШ за оваа година, фудбал од најголемите европски лиги, како и средби од АБА лига.
Радиофоничниот глас на Калински ќе оди во етер уште две и пол години. Би сакал да коментира со уште тројца вардарови легенди, по дома гледа снукер, а зад себе има и одбојкарска кариера која била пресудна за првиот пренос во кариерата.
Денес на програмата скопското фудбалско, како и белградското кошаркарско дерби, натпревари од најдобрите европски лиги, ракометна лига на шампиони и НБА натпревар.
Спортската сабота почнува со Премиер лига, а завршува со шпански фудбал. Во меѓувреме имате за гледање италијанско и германско првенство, домашна и регионална кошарка, како и ракометна Лига на шампиони.
Денешната спортска понуда се состои од пет квалификациски средби за Европско првенство во 2016, ракометна Лига на шампиони и тениско полуфинале од турнирот во Лондон.
Бекот на македонската фудбалска репрезентација поминал низ тешки кризи и се калел во четири италијански клубови за на 22 години да заигра во Серија А. Хамшик и Игуаин ги запознал на гости кај Пандев, а за словачкиот репрезентативец вели дека треба двајца чувари.
Фудбал, кошарка, ракомет и Формула 1 денес на тв. Нашите ракометари го играат вториот квалификациски меч за ЕП 2016, а во ракометната Лига на шампиони за жени се игра трето коло. Од најспоредната работа во светот ви го препорачуваме дербито на Манчестер.
Македонскиот репрезентативец кариерата ја почна во КК Вардар, а сезонава со Алба Берлин го освои гермнаскиот куп и заигра во Евролигата. Како дете лепел постери од Џинобили, а пред три недели прво го победи, а потоа и вечераше со него и останатите НБА шампиони.
„Ел Класико“ е главната спортска понуда од фудбал, а за денеска го имате и првиот настап на ЖРК Вардар во Лига на шампиони во новата сала, АБА лига со МЗТ и тенис.
Од спорт на ТВ ви препорачуваме по еден натпревар од македонскиот фудбалски куп и Лигата на Европа, како и преноси од втората ноќ во Лигата на шампионите.
Од спортската програма за денес ви ги препорачуваме фудбалското дерби во домашната лига, ракометното деби на ЖРК Вардар во Лигата на шампионите и гостувањето на МРК Вардар во Монпеље, како и фудбал од најдобрите европски лиги.
„Златната копачка“ за 1991 година ни раскажа како пукнала тиквата во Интер, кои европски гиганти го барале, што мисли за новиот Вардар, зошто не успеал да ја отвори фудбалската школа на Милан, за коментирањето со Калински, сомнителниот меч со Сампдорија...
Од спорт на ТВ ви препорачуваме квалификации за ЕУРО 2016, ракометна Лига на шампиони, кошаркарска регионална лига, трка во Ф1, како и две финалиња во тенис и одбојка.
Спортската понуда овој викенд го нуди првиот меч на РК Вардар во новата сала, старт на АБА лигата каде настапува МЗТ Скопје, македонско фудбалско дерби и стандардни преноси од најсилните лиги.
Најдобрата ракометарка во светот живее во Тафталиџе, ужива во чаша црвено вино и сè уште е под импресии што ракометот е национален спорт број 1 во Македонија. За нејзината колешка вели дека е партибрејкер која прва си легнува во кревет во 10-та минута од филмот.
Од спорт на ТВ за денеска ви препорачуваме натпревар од регионалната ракометна лига на еден од двата наши претставника, како и мечеви од второто коло во фудбалската Лига на шампиони.
Од Ѓорче до Романија, преку Чаир до Бугарија, па се до далечните Кина и Кореја. Мераклиски беше да се разговара со поранешниот македонски репрезентативец познат како Тупан. Вардарец во душа, кој мрази Фејсбук, отворен и расположен за кафе муабет со секого.