Не направивме математика што беше најчитано годинава на нашето спортско милениче Офсајд, туку ги собравме на купче разговорите со ценетите Стиков, Адеми, Панчев, Бабунски, Лекиќ, Радичевиќ, Муарем Муарем, Тупан, Стефан Ристовски, Војдан Стојановски, Калински и Зоте.
Радиофоничниот глас на Калински ќе оди во етер уште две и пол години. Би сакал да коментира со уште тројца вардарови легенди, по дома гледа снукер, а зад себе има и одбојкарска кариера која била пресудна за првиот пренос во кариерата.
Бекот на македонската фудбалска репрезентација поминал низ тешки кризи и се калел во четири италијански клубови за на 22 години да заигра во Серија А. Хамшик и Игуаин ги запознал на гости кај Пандев, а за словачкиот репрезентативец вели дека треба двајца чувари.
Македонскиот репрезентативец кариерата ја почна во КК Вардар, а сезонава со Алба Берлин го освои гермнаскиот куп и заигра во Евролигата. Како дете лепел постери од Џинобили, а пред три недели прво го победи, а потоа и вечераше со него и останатите НБА шампиони.
„Златната копачка“ за 1991 година ни раскажа како пукнала тиквата во Интер, кои европски гиганти го барале, што мисли за новиот Вардар, зошто не успеал да ја отвори фудбалската школа на Милан, за коментирањето со Калински, сомнителниот меч со Сампдорија...
Најдобрата ракометарка во светот живее во Тафталиџе, ужива во чаша црвено вино и сè уште е под импресии што ракометот е национален спорт број 1 во Македонија. За нејзината колешка вели дека е партибрејкер која прва си легнува во кревет во 10-та минута од филмот.
Богатата неделна спортска понуда на ТВ се состои од ракометен натпревар од регионалната лига, трка во Формула 1, финале од одбојкарскиот Мундијал и многу фудбал.
Скопско фудбалско дерби, натпревар од регионалната ракометна лига и многу фудбалски натпревари од најсилните првенства е денешната богата спортска саботна понуда која ви ја препорачуваме да ја следите.
За овој викенд од Спорт на ТВ ви го предлагаме ракометното скопско дерби, полуфиналињата во Синсинати во тенис, ЕП Атлетика, како и натпревари од првото коло во Премиер лигата и второ коло француско првенство.
Од богатата петочна спортска понуда ви ги издвојуваме настапите на Вардар и Металург во Струга, четвртфинале тенис во Синсинати, Европско првенство атлетика и неколку фудбалски натпревари.
Спортските настани кои ви ги најавуваме за денес се, тениските дуели Мареј – Изнер и Џоковиќ – Робредо во машка и Серена Вилијамс – Флавија Пенета, Шарапова – Пављученкова во женска конкуренција, потоа фудбал од Русија и Швајцарија, ракомет од Струга и ЕП Атлетика.
Од Ѓорче до Романија, преку Чаир до Бугарија, па се до далечните Кина и Кореја. Мераклиски беше да се разговара со поранешниот македонски репрезентативец познат како Тупан. Вардарец во душа, кој мрази Фејсбук, отворен и расположен за кафе муабет со секого.
Најпрепознатлив е по својот глас пренесувајќи во својата богата четиридецениска кариера фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, борење, па се до скијачки спортови. Има околу 2.000 преноси зад себе, а во неговата тонска архива во преден план е записот од ракометниот храм „Кале“ кога Кометал стана европски првак.