Турците го следеа што прави и во дресот на македонската репрезентација, а кога го проследија мајсторскиот потег против Летонија пред четири месеци, тоа беше офкање.
По сите шпекулации кои траеа со месеци, со една долга листа на десетина клубови во кои го пренесоа, Елиф Елмас конечно го направи трансферот за кој интензивно се зборуваше овој месец. Оди во клубот каде 19-та беше Пандев, а 10-ка Марадона. Со среќа младичу.
Додека Фенербахче и Наполи наводно се тегнат околу сумата за него, бидејќи Италијанците нуделе 15, а Турците бараат 20 милиони, Елмас шутира тројки од паркинг. Како велат старите, убаво е човек да знае и втор занает.
Во исчекување на новите засилувања меѓу кои се споменуваат нашиот Елмас, Хамес Родригез и Ирвинг Лозано, фудбалерите на Наполи тренираат под надзор на Карло Анчелоти. Имаа забавна игра на тренинг.
Додека италијанските медиуми го преселија во Наполи и тоа со тврдење дека денеска ќе се појави на медицински и ќе потпише за сума од 15 милиони евра, македонскиот репрезентативец мртов ладен се појави во Истанбул и тоа со следниов муабет:
Откако го пренесоа во пола Европа со наслови од типот: „За Елмас се интересираат“, „Го следат“, „Го посакуваат“, „Мета на големи клубови“ и сл, денеска на Апенините пишуваат дека македонскиот репрезентативец дефинитивно ќе биде новото засилување на Наполи.
Големиот македонски талент од Фенербахче само овој месец го пренесоа во Интер, Милан, Наполи, Атлетико и Севиља, а претходно и во Борусија, Манчестер Сити, Лацио и каде уште не. Сега најново и Тотенхем бил во игра.
Македонската фудбалска репрезентација изгуби убедливо со 1:4 (1:1) од Австрија и загуби чекор со водечките селекции во квалификациската група Г за пласман на Европско првенство 2020.
Во 3. коло од групата Г во квалификациите за Евро 2020, Македонија изгуби 0:1 (0:0) од Полска и остана на третото место со 4 освоени бода. Пјонтек само што влезе даде гол.
Додека останатите фудбалери се решаваат воглавном за стандарден изглед на копачките, фудбалерот на Фенербахче и македонската репрезентација носи необични на кои е испишана неговата најголема желба.
На нашето прашање на прес-конференцијата на Полска, селекторот Јиржи Бржечек објасни зошто не размислува мечот да го почне со тројцата врвни центарфори, туку ќе стартува само оној најдобриот.
Стоперот Нојштадер му ја враќа, а голманот Харун Текин го прави најголемиот кикс во турската лига колово и прима гол за 1-0. Среќа Елиф Елмас набрзо израмни на 1-1, а до крајот Фенербахче и славеше со 1-3.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра стандардно за турскиот гигант Фенербахче и е меѓу подобрите во тимот. Во текот на неделата Елмас на Твитер го објави подарокот кој го добил од Луис Суарез, дрес со автограм и посвета, најверојатно благодарение на Мартин Шкртел кој со Уругваецот играше во Ливерпул.
Колегата на Елмас, Хасан Али Калдарим го доби признанието за најубав гол на сезоната 2018/2019 во турскиот фудбалски шампионат. Се работи за левица испукана како од топ со која му израмни на Бешикташ на 3:3. Џабе се џиткаше голманот.
Додека Елмас блескаше во големото турско дерби, Адеми стрелаше по паузата, а Нестогол го стигна Кавани, низата успешни настапи на македонски интернационални овој викенд ја продолжи и Тричко, но за него голот беше посебен.
Во период кога веќе тешко е да се следат сите медиумски написи за тој колку пари нуди за македонскиот бисер и каде ќе ја продолжи кариерата, тој постигна гол во големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши 1:1. Одлично се снајде во шеснаесетник 19 годишниот репрезентативец на Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ги мина воведните два меча од квалификациите за ЕП 2020. Оваа селекција заедно со селекторот и стручниот штаб знае како да се мотивира и на тренинг и пред и после натпревар. Гестови кои ја одржуваат репрезентацијата во живот.
По триумфот над Летонија од 3:1, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето против Словенија со што стигнува до солидни 4 бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Словенија - Македонија конечни 1:1.
Фудбалската репрезентативна треска со Пандев, Елмас и другарите ќе ја разбиеме со три кошаркарски епски видеа измислени за нашиот сајт. Ова ќе му дојде нешто како НБА пародија. Уште Миле Паника им фали.
Со 19 години и 6 месеци, Елиф Елмас синоќа против Летонија стана втор најмлад стрелец во историјата на македонската репрезентација. Со првиот гол го отвори резултатот, а со последниот го затвори и ги наполните турските медиуми кои го величат во еден куп спортски портали. Мајсторијата на фудбалерот на Фенербахче има уште поголем шмек со арапски коментатор.
По триумфот над Летонија од 3:1, грмеше соблекувалната на македонската фудбалска репрезентација, а меѓу бандата на Мрме беше и малиот Јане кој ги диригираше скандирањата. Убава вечер со голем јубилеј на Пандев и мајсторски лоб на Елмас.
Играта на македонската фудбалска репрезентација падна откако излезе лидерот Пандев, а Летонците тоа го искористија и во 87 минута намалија на 2:1. Но во третата минута од судиското продолженија македонскиот бисер со мајсторија ја крена на нозе арената Филип Втори. Погледнете го овој лоб на 19 годишниот член на Фенербахче за конечни 3:1
Македонската фудбалска репрезентација со победа го отвори новиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Момците на Игор Ангеловски играа викторија пред голот на Летонија која е 131-ва селекција според рангот на ФИФА и ја решија уште во првото полувреме.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.