Ај што не испуштаат да го стават во наслов, туку еден Кориере дело Спорт го лупна на насловна под Лукаку со слика и голем натпис: „Елмас го маѓепса Карло“.
Колку кратко, а моќно звучи оваа реченица на еден од најпознатите италијански весници за фудбал на чизмата. Кој би рекол дека при една таква силна конкуренција во која ударни играчи им се Инсиње, Калехон и Мертенс, сите ќе пишуваат за младиот македонски репрезентативец.
Епа токму тој ја почна акцијата на многу интелигентен начин на гостувањето на Наполи против Марсеј кое го добија со 0:1. Елиф даде многу паметен пас, а потоа триото го доработи за победнички гол.
Штом волку рано почнува Елмас да ги освојува симпатиите, тогаш тоа треба само да му биде поттик плус да работи и да се докажува дека вредат оние 16 милиони кои ги исплатија за него и го направија најскап македонски фудбалер во историјата, а вреди и да биде дел од Серија А.
Насловната страница на Кориере
Потоа текстот во кои уште на насловна стои: „Анчелоти му аплаудира на Елмас“
Газета дело Спорт: Елмас брзо се навикна
Скај Спорт: Добро деби на Елмас
Tутомеркато: Наполи им ја расипа забавата во Марсеј. Гол како на плејстејшн и голема цврстина. Елмас веќе задоволува.
Tутомеркато: Сигурни сте дека младиот Елмас е 99-то годиште?
Калчонаполи: Елмас допадлив на мечот со Марсеј. Демонстрираше многу трчање и карактер.
Тутонаполи: Гол како на плејстејшн! Елмас, карактер и техника.
А пак навивачите се изразуваа вака:
Елмас е како тигар. Голем и многу силен играч.