Прв тест позитивен, втор пак позитивен, па дури од трета мајка се смилува и кога им се придружи на другарите, најјак беше Џани кој не сакаше да го гушне. Мрме рече, не тргаме за Букурешт без Барди и ете го се врати жив и здрав во 5 до 12.
Малку е позната приказната за трансферот на легендарниот холандски ас, најдобар играч на светот во свое време, во мал клуб од предградието на Валенсија.
После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.
Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.
На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.
Македонската фудбалска репрезентација со победа го отвори новиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Момците на Игор Ангеловски играа викторија пред голот на Летонија која е 131-ва селекција според рангот на ФИФА и ја решија уште во првото полувреме.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.
Пишаниот збор често останува од колено на колено и тешко се менува. Во многу земји фудбалскиот клуб кој некогаш царуваше во Европа е поврзан со цицачот кој го има на својот грб и амблем. Но во Шпанија ретко кој ги вика така.
Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Селекторот Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата на македонските репрезентативци во очи на квалификациските средби со Израел (2-ри) и Албанија (5-ти) септември. Голови на наши интернационалци фрчеа во Шпанија, Англија, Италија, Турција, Кипар.