Општеството перпетуира идеја за моногамно и хетеронормативно „среќно засекогаш“ - мултимилионска индустрија застапена во 80 проценти од филмовите и сериите што ги конзумираме, а во реалноста - имаме работа со многу сингл свет.
Има многу неточни претпоставки за што е љубов, врска и идеален партнер. Најчестата е дека кога си вљубен во „вистинската“ личност, нема потреба од граници. Е па, има.