Сакаш да градиш нешто? Направи макета, облечи ја, стави се среде маалото кадешто би требало да е лоцирана и погледни наоколу. Личи или е грдо? Удобно ли ти е или се гушиш? Ти паѓаат ли делови од облеката бидејќи не се добро прицврстени?
Ментален штит среде скопските сообраќајни гужви ако го пуштите на гласно, аудио лексилиумче за душа - во „Божикната прослава на Чарли Браун“, саундтрак на истоимениот цртан филм од пред 58 години, ќе го најдете ова, и многу повеќе.
„Од каде Малком Гладвел трендинг на Твитер? Мора нешто гадно да заебал.“ Вака ни течеа мислите додека пребарувавме што се случило. А сè што направил било - ја поддржал идејата Бенон да настапи на фестивал, кој е замислен како полигон за дискутирање идеи.
Има некои цртани ликови кои траат неколку сезони, за потоа сите тие куклички, маички и постери со нив да останат на ѓубриштето на популарната култура. Но има и такви кои со генерации не застаруваат. Такви се Чарли Браун и неговото стар-мало куче Снупи.
Во младоста Шепард и Смит имале бурна врска. Но и по неколку децении останале пријатели, до последно. Сега, по смртта на другар ѝ, таа се простува од него во текст објавен во Њујоркер.
Ем реклама, ем добро потрошено време дур се клацкате низ градскиот превоз - книги со десет гратис возења, и картичка која потоа може да се надополни или да подари.
За џезот за време на Втората светска војна, и начините на кои успеал да преживее, веќе пишувавме. За истава тема се интересирал и Кјубрик, кој сакал да сними филм за еден офицер на Луфтвафе, љубител на свинг, кој пишувал за музичките сцени во окупираните градови под псевдонимот д-р Џез.
Серијата стрипчиња Peanuts на Чарлс Шулц, иако прв пат објавена во '60-тите, останува една од омилените од овој жанр, веројатно затоа што е толку едноставна и „точна" што нема што ниту да ù се одземе, ниту да ù се додаде.
Каша е една од најинтересните личности кои ги познавам. Родена во Полска, половина живот го има поминато во патувања, пакувања и селења – од Африка, преку Швајцарија, до Индија.