И покрај тоа што за едно полувреме им дадоа 73 поени од кои 31 беа на Леброн и водеа 15 разлика, Лос Анџелес Лејкерс едноставно во оваа финална серија не можеше да излезе на крај со Јокиќ и другарите.
Нагетси ја одбранија и втората битка на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс пред серијата во финалето на Западот да се пресели на гостински терен. Импресивни 23 поени за Мареј во последната четвртина.
Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.
Толку требаше. Само два дена откако ги растури дома, им отиде на гости и им ја заврши сезоната. Јокиќ го врати Денвер во финалето на Западната конференција по пауза од три години.