Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Најголемиот бисер на Барселона и новата надеж, Ансу Фати пропушти скоро година дена надвор од теренот, па откако конечно се врати во екипата блесна и најави поубави денови за Каталонците.
Додека повеќето негови соиграчи слушале хип-хоп и се мајтапеле, високиот Шпанец бил посветен на медицинска литература, класична музика, свирење клавир и сериозно изучување педијатриска хирургија во Лос Анџелес.
Ансумане Фати, бисерот од младинската школа на Барселона доби голем товар на грб откако управата на Барселона реши да му ја даде 10-та која со години беше симбол на големиот Лионел Меси. И татко му на малиот Фати едвај дочекал утредента да се отвори фан-шопот на „Камп Ноу“ за да купи 8 дреса од син му, за поклон за роднините.
Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.
Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.
Околу Медитеранот невените (calendula officinalis) се одгледувани како лековити растенија од праисториски времиња. Она што не е толку познато е потеклото на нивното латинско име. Како и тоа дека можат и да се јадат, како додаток во чорби и салати.
Најчести асоцијации на прослава на гол се оние на Стариџ, Гризман, Мбапе па и салтата на Миро Клосе на времето. Најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси исто имаат свои автентични прослави на голови.
Од средината на 1970-тите речиси секој џез музичар имал примерок од истата книга. Со кремаста насловна, нападно лого и црна пластична спирала, таа додуша повеќе личела на скрипта. Внатре имало нотни записи за стотици популарни џез мелодии, испишани со рака. Книгата се викала - Реална.
Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.