Со почеток од 20:30 вечерва Македонија го стартува своето седмо учество на Светските првенства. Интересно, нашата ракометна селекција дури 5 пати победувала на стартот на Мундијалите, а има само еден пораз.
Специјалистот за ракомет Јохан Флинк, новинар во шведскиот SportBladet очекува Швеѓаните да ја пројдат првата фаза, но после да имаат потешкотии за пласман во 1/4 финале. Добро ја познаваат Македонија и очекуваат тежок дуел.
Џејмс веќе ја сврте игрицата неколку пати во НБА, па сега просто како да ужива да пробува нови нешта на теренот. Синоќа Лејкерс го победија Хјустон 117-100, а Леброн постигна 26 поени со 8 скока и 5 асистенции. Имаше и тројка без гледање кон обрачот, туку свртен кон клупата.
Манчестер Јунајтед со евроголот на Погба го победи Барнли 0-1 на „Тафт Мур“ и со три бода го прескокна Ливерпул на првото место на табелата во Премиер лига пред големото нивно дерби во недела од 17:30 на „Енфилд“.
Во среда од 18 часот со мечот меѓу домаќинот Египет и Чиле се отвора Светското првенство во ракомет, прво во историјата со 32 учесници. Ќе се игра од 13 до 31 јануари. Без гледачи.
Ги имаме сумите за опстанок, излез во Европа и за шампион, а ќе ви ги каже најадекватната личност за таа тема. Чисто за помладите, една марка беше околу 30 денари.
На само неколку часа пред почетокот на 27. Светско ракометно првенство 2021 во Египет, репрезентацијата на САД би можела да го откаже учеството а наместо нив да влета Македонија која е прва во редот селекции кои чекаат.
Третата рунда на англискиот ФА Куп донесе многу интересни моменти. Хит беше мечот меѓу Марин ФК и Тотенхем, а најголема сензација направи четвртолигашот Кроули кој ги потепа Лидс и Биелса со 3:0.
Деметрио Албертини 1:0, Маурицио Ганц 2:0, Дејан Савичевиќ 3:0, Франческо Колонезе 4:0 (автогол), Стеинар Нилсен 5:0. На денешен ден пред точно 23 години Милан му го нанесе на Интер еден од најтешките порази во дерби пресметките. Какви имиња, какви времиња.
„Не можев повеќе да ги удирам колците со дланката, па продолжив со лактот. Тоа беше ужасна болка, на крајот врескав, но дојдов да скијам за вас“, изјави кралицата на скијањето која за осум години направи светска блескава кариера.
Истиот период додека Диего беше врвен во Наполи, легендарниот југословенски стручњак ја водеше Сампдорија. Погледнете со каква страст го опишуваше. Вели сиромаси ќе му побараат 10.000 лири, а тој им даваше 100.000.
Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.