Тројката на Леброн без гледање за која се крена галама

Џејмс веќе ја сврте игрицата неколку пати во НБА, па сега просто како да ужива да пробува нови нешта на теренот. Синоќа Лејкерс го победија Хјустон 117-100, а Леброн постигна 26 поени со 8 скока и 5 асистенции. Имаше и тројка без гледање кон обрачот, туку свртен кон клупата.

Во втора четвртина кога Лејкерс веќе имаше 21 поен разлика, во еден момент од аголот пред да шутне, го слушнал Денис Шродер како му вика: „Ај се кладиме“. Леброн шутнал и се свртел без да го испрати исходот на шутот:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dennis Schröder (@ds17_fg)

Ова предизвика дискусии, некои сметаа дека е понижување и непочит на ривалот, а други тврдеа дека е дел од играта и дека го прават и други кошаркари одвреме-навреме кога разликата е во голем плус.

13 јануари 2021 - 09:57