Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.
Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.
Иако првиот случај на КОВИД-19 во Германија стаса дури 11 дена пред првиот случај во Италија, Германците најдобро од сите погодени големи земји ја менаџираа кризата. Благодарение на чесниот однос власт-граѓани-медицина, го изгаснаа пожарот и сега го враќаат фудбалот.
7 ноември 1991 година беше еден од најважните датуми во историјата на НБА. На тој ден Меџик Џонсон, најголемата ѕвезда во лигата во тој моомент, објави дека е ХИВ-поизитивен и дека ја завршува професионалната кариера.
На официјалната прес-конференција пред спектаклот кој е закажан за во недела рано изутрина, Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури за малку не си поделија по некоја тупаница. Двајцата се провоцираа цело време, а во еден момент Британецот му ја спомнал и мајката на Вајлдер по што овој збеснал.
Лоло Џонс во емисијата Laugh Out Loud кај Кевин Харт, отворено зборуваше за нејзиното признание дека како посветена христијанка, својата драгоценост ја чува за бракот.
Поранешниот судија од Премиер лига Роберт Медли конечно, после скоро 6 месеци, реши да раскаже за причините поради кои го отпуштиле од работа во август минатата година. Направил моронска шала, ама доблесен е да признае и да се извини.