Сè си има - внимателно истражен и остварен универзум, хумор, порака, пластично, ин-јор-фејс, еве-уште-еднаш-за-тие-што-не-сфатија прикажување на борбата со патријархатот. Дали е тоа затоа што филмот е и за деца, па да сфатат, или затоа што тоа е едноставно стилот на Грета Гервиг?
Џордан Пил досега се има докажано дека има осет за хорори, до тој степен што се осмели да преправа „Зона на самракот“, иако не најсреќно, но сепак: После „Ние“, „Бегај“ и „Ловци“, веројатно може да му се верува.
Во 1982, во Шанел, тогаш модна куќа - еквивалент на стара аристократка, влегува Лагерфелд кој во тоа време работи и за Клое и за Фенди. Иако Шанел е куќа на иновации, во тој период станува досадна и буржоаска, па Лагерфелд сфаќа дека ѝ треба лифтинг и создава пример за креативен директор што се следи до ден денес.