Тогаш ја имаше функцијата на помошник тренер, а четири години подоцна добива поголема одговорност, а тоа е да го води двократниот првак на Европа. Незаборавното шампионско селфи на Давид Дејвис за време на вардаровата ерупција на плоштад, на 6 јуни 2017-та.
Вардар бележи втор пораз по ред во Лига на шампиони. По мечот против Монпелје во Скопје, црвено црните загубија и на гостувањето кај ланскиот финалист Алборг со 33:29. Вујовиќ ги загуби нервите поради млаката одбрана и лесните продори на Палмарсон, а потоа се сврте накај Њокас: Ок ли сте? Ова не е ракомет.
Тимот беше жив, армијата црвено-црна стоеше комплетно и безрезервно позади клубот, имавме екипа која беше на само чекор од најдобрите 4 во Европа. Емоцијата присутна насекаде, на секое столче во салата, во очите на сите присутни, кај Михајло, кај Вујо, кај сите нас...
Едвај две недели има откако направи трансфер од Металург во Вардар, а веќе ги воодушеви навивачите и со вакви гестови им станува миленик. Њокас блесна против Мешков Брест со 8 од 8, а вечерва во дербито против Пелистер навиваше и скокаше од трибина како прав навивач.
Мартин Томовски е прв голман, а Али Сафар од Кувајт е резервен во Вардар. Има 27 години а ова за него е прво европско искуство во кариерата. Висок е речиси два метри (1.99 см, тежи 106 килограми). Професионалната кариера ја почнал во 2014 во Алсалмиј а во 2019 доаѓа во Кувајт. Го викаат „пајак“ зошто брани маестрално.
Вардарци на 30 август пуштија во продажба сезонски карти по цени од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, но во време на пандемија која нè отече година и пол, изгледа тешко им оди, па апел со поддршка до навивачите побараа и преку омилениот тренер на Комити.
„Говорот на нивното тело беше нешто кое не сум го видел. Никогаш не сум го видел Кире таков потиштен, како да се предаде. Мора да направат подлабока анализа по Мундијалот“.
Македонската радио телевизија (МРТ) ја израдува спортската јавност во земјава, откако соопштија дека ќе ги даваат натпреварите на македонските клубови во еврокуповите.