Веселин Вујовиќ катастрофално го води Вардар

Седум порази во низа во Лигата на шампионите се доволна причина за да се преземе одговорност.

Веселин Вујовиќ засекогаш ќе остане вардарова легенда. Но тој статус не може да го изземе од одговорноста која мора да ја преземе. Едноставно со овој тим на Вардар докажа дека не знае како да раководи.

Од натпревар во натпревар популарниот „Вујо“ прави потези кои веројатно ги разбира само тој самиот. Мартин Томовски во моментов е еден од најдобрите голмани во Европа, но Вујо одлучи тој да седи на клупа во вториот дел. Анте Кудуз имаше 9/9 против Кил, и 1/1 денеска, но во второто полувреме доби нула минути.

И да продолжиме...Браќата Њокас влегуваа од грешка во грешка, фрлаа топки во „бунар“, а Вујо одговораше на тоа со: останете во игра. Tоа е доказ дека конците веќе ги има испуштено од рака.

Тимот има многу аномалии. Пред се поради тоа што нема квалитетен среден бек. До израз доаѓа и големата тактичка недисциплинираност на браќата Њокас. Но „колку пари - толку музика“. Составот не е за големи дострели, но е со доволен потенцијал да се победи Загреб. Вујо не успеа ниту во тоа.

Седум порази во низа во Лигата на Шампионите се доволна причина за да се преземе ОДГОВОРНОСТ.

Кога ќе се сетиме колку се плукаше по Стефче Алушовски, тогаш што ли заслужува Вујо со овие вардарови катастрофални изданија?

ДОБИВМЕ ОДГОВОРИ ОД ГОСПОДИНОТ ВУЈОВИЌ:

1. Кудуз денеска не беше на нивото како со Кил

2. Талески играше уплашено

3. Гаџа не може сам да го носи теретот во ЛШ

4. Браќата Њокас се темпирана бомба. Или ќе го убијат противникот или ќе не убијат нас.

5. Томовски сам се договори со Борко, да се заменат.

Виа

9 декември 2021 - 12:41