На помалку од четири недели по епскиот успех на Вардар кој направи чудо и по втор пат ја освои Лигата на шампионите, попладнево во седиштето на ЕХФ во Виена се извлече ждрепката за групната фаза за новата сезона.
Рожерио Мораеш е прогласен за најдобар играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако доби најмногу гласови на гласањето преку апликацијата на ЛШ.
Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Вардар со златни букви го изгравира своето име во европската клупска историја. Момците кои со месеци играа без финансиска инјекција од клубот, ги нокаутираа гигантите. Браво јунаци, Македонија ве чека!
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Келн и Мадрид викендов ќе бидат главните две дестинации за љубителите на ракометот и фудбалот. 300 и кусур евра не се воопшто малце пари за блок картите кои ги нудеше Вардар, ама па оди на Ливерпул – Тотенхем да те видам. Германска плата не те крпи.
По 196 меча во Лигата на шампионите, четири најдобри тима во Европа ќе се борат за вредниот трофеј на 10. издание на Фајнал Фор, на 1 и 2 јуни во Келн. Меѓу нив е и скопски Вардар.
Околу 2.000 навивачи на германскиот бундеслигаш допатуваа во Манчестер за реваншот од осминафиналето од Лига на шампиони против Сити на Гвардиола. За време на кортеото до стадионот, навивачите на Шалке скандираа „Гелзенкирхен - Скопје“ во чест на пријателството со навивачите на Вардар.