Eдвард Ченселор е британски финансиски историчар, новинар и поранешен банкар. Во 2016 беше наречен „еден од најголемите живи историчари на финансиите“. Минатата година излезе негова книга која се осврнува на она што има уништено голем број животи - цената за задолжувањето и каматите на истото.
По своето прво појавување на Сицилија во 1870-тите, мафијата бргу се инфилтрирала во економските и политичките сфери на Италија и САД. Една од теориите за нејзината појава има врска со - цитрусно овошје.
Од „клетвата“ на саркофагот на египетскиот фараон Тутанкамон, до современи начини на колнење и пцуење, нова изложба во Музејот на комуникација во Берлин ја следи историјата на еден универзален елемент на човечкото однесување.
Конзервативците ги нарекувале „дувла на разврат“ и „дамка врз репутацијата на градот“. Но јавните тоалети не само што овозможувале намалување на смрдеата и ѓубрето, туку претставувале и места за забранета интимност и отпор кон естаблишментот.
Иако во изминатите децении Тотенхем беше надвор од првата топ четворка на англискиот фудбал, овој клуб важи за еден од најстарите на светот и за првиот англиски клуб кој освоил европски трофеј. Спарс имаат богата историја која годинава го достигнува врвот.