Според квалитетот и класата на играчи, за оваа селекција на Хрватска е нелогично да се каже дека направила изненадување со среброто во Русија. Но нивниот пат до Мундијалот воопшто не беше едноставен. Кога во финишот од квалификациите загубија од Турција, па во претпоследно коло киксираа 1:1 со Финска на домашен терен примајќи гол во 90-та минута, од хрватскиот сојуз го набркаа Анте Чачиќ и за негов заменик го назначија анонимниот Златко Далиќ.
20 јули 2018 - 14:46