Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
„Кога пиеме кафе со Чупиќ и Дибиров, зборуваме секогаш за Вардар бидејќи за нас тоа беше најважното“, вели незаборавниот стратег на вардарци, кој секогаш кога доаѓа во Македонија се чувствува како дома.
Францускиот ракометен гигант пристигна со авион во Охрид, па со автобус преку Ресен и Ѓавато стаса во Битола за гостувањето во ЛШ кое очекувано го доби против Еурофарм Пелистер. Раул како поранешен тренер на Вардар и селекторот на Македонија, важи за фаца кај нас. Вработени од аеродромот во Охрид го застанаа за сликање и автограми.
Дојде во Вардар, наиде на мултинационален состав кој за кусо време почна да го строи на македонски. Кога отиде во ПСЖ, кога го научи и францускиот? Селекторот на Македонија очигледно не е роден и талентиран само за тренер.
Иако ја доби улогата носител во посилната половина од групите, ждрепката му донесе многу тешка група на Вардар, а Металург ќе може полесно да дише затоа што игра со ривали кои не се баш непобедливи.
Македонските претставници во Лига Европа не можат баш да се израдуваат нa денешната ждрепка во Нион. Никој од трите македонски претставници не доби лесен противник, осбено не Шкупи кој ќе се судри сo 54 кратниот шампион на Шкотска.
ФК Вардар vs ФК Работнички. Градско дерби кое стартуваше во 15:00 часот. Да не знае човек на што попрво да се изначуди. Терминот на одигрување или “големиот“ интерес на скопската публика која не ја наполни арената Филип Втори ниту со Фенербахче, Зенит и Реал Сосиедад. Ако можете обидете се да изброите колку публика има. А дерби е.
Актуелниот европски шампион не ја искористи првата можност да удри печат на првото место во групата и да осигура директен пласман во четвртфиналето. Вардар поразен од Нант 27-26 (18-12).
Фудбалерите на Работнички го совладаа Вардар со 2:1 во дербито на колото во првата македонска лига. Ах колку ни е мизерна таа наша лига која веќе ни семкарите не ја следат. Дејан Блажевски зема да се витка и да се држи за колено како да го тепале со шипка, а голманот на Работнички, Даниел Божиновски доби црвен картон за ништо. Уште почудно е што главен судија на мечот беше Александар Ставрев.
Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.
Без челична дисциплина за играчите, Шпанецот ја предизвика најголемата можна одговорност на момците каде и да се појави. Како што зборуваат во Вардар, ако Раул “завладее“ со соблекувалната на париските милионери, ниту Голден Стејт нема да може да ги спречи.
Во последното коло од групата Ц, нашите најдобри ракометари ремизираа 25-25 (11-12) со актуелниот европски првак Германија и со три бода одат во следната фаза.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација е фаца број 1 во Хрватска. Само што слета со ракометарите во Загреб го седнаа на отвореното студио на ЕХФ кое оди во живо на Фејсбук. Гонзалес доби прашања и за Македонија поврзани со Европското во Хрватска и за европската титула со Вардар.