Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Додека навивачите на Вардар го чекаа европскиот првак да пристигне пред хотел, со асистенција на двајца Германци извадија едно од знамињата и на јарболот закачија македонско. Да се знае кој е кој во ракомет.
Зурли, тапани, ора, бакљи, петарди, димни бомби, свирежи од коли, пива, полиција на сите страни. Во центарот на Скопје вечерва е ванредно стање. Да не знае човек дали е ова 2017-та или 2019-та. Тотална лудница.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда.
Ракометарите на Металург го забележаа и третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите, овој пат од словачкиот тим Татран Прешов, кој славеше со 24:29.
И покрај тоа што Металург стана ракометен бренд низ годиниве и стигна до топ 8 во ЛШ со помош на Лино Червар, а Вардарци ја покорија Европа и го кренаа на нозе цело Скопје, македонската публика сезонава нема можност да ги гледа, барем не на македонски канал. Причините лежат во скапите тв права за наши услови.
Иако ја доби улогата носител во посилната половина од групите, ждрепката му донесе многу тешка група на Вардар, а Металург ќе може полесно да дише затоа што игра со ривали кои не се баш непобедливи.
Семафорот брои 29:53 или само 7 секунди до крај, а резултатот 23:23 и напад за Вардар. Тргнуваат од центар и испишуваат нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тоа се тие епски и безвременски мигови од ланското финале во Келн. 4 јуни 2017-та. Со златни букви.
Ракометарите на Нант направија сензација на првиот полуфинален дуел на фајнлфорот во Келн. ПСЖ е на колена, а еден од најзаслужните за ова големо изненадување е капитенот на Македонија кој го исфрустрира светскиот голман Омејер и испиша нова историја во ЛШ.
Со 9 победи, 3 нерешени и само 2 порази во групната фаза, а потоа и елиминација на Кил во четвртфиналето, бандата на Раул Гонзалес следниот викенд ќе бие нова рововска битка за најпрестижниот пехар во клупскиот ракомет. Овој пат во полуфинале го има Монпеље, а во другото играат ПСЖ - Нант. На европскиот првак му посакуваме да остане европски првак на 27-ми мај, нешто што не му успеало на никој.
Во доста неефикасен натпревар (посебно во првиот дел), преполн со грешки и на двете страни, Вардарки успеаа на крај да излезат како победник во второто полуфинале на Ф4 во Будимпешта. Ќе гледаме реприза на ланското финале.
Арената „Ласло Пап“ во Будимпешта годинава е одново домаќин на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони за жени. Што па тука вакво скандалозно знаме?
Иако веќе го одбележавме како спортски број 1 за 2017-та и при тоа објавувавме видеа со делириумот кој се случуваше тој историски ден во Скопје, во сандачето ни стигна порака со видео парче кое сме го немале на сајт. Читателот тврди дека и навивачкиот агол на тој легендарен гол заслужува да се најде во топ моментите на годината. Во право е.