Првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, по разгледување на извештајот на Милер објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека кампањата на Доналд Трамп ниту кој било негов советник не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016.
Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.
На 11 септември 2001 година во Њујрок се случи најголемата катастрофа во XXI век: терористичката организација Ал Каида киднапираше четири патнички авиони од кои два ги пренасочи во кулите близначки кај Светскиот трговски центар.
„Трескавичното бладање на либералите на тема Трамп-Русија достигна статус на пародија“ е насловот на колумната на Метју Валтер во магазинот Вик, инспирирана од обемната главна сторија на новиот број на Њујорк магазин, чиј краен заклучок е дека актуелниот американски претседател од 1987 е агент на руската влада.
Америка нема пучеви или тенкови на улица. Меѓутоа постои еден вид длабока држава, и таа опфаќа бирократи од националната безбедност кои ги користат тајно собраните информации за оформување и спречување на активностите на избраните функционери, пишува професорот по право од Харвард, Џек Голдсмит, во текстот за Гардијан.
Републиканците од Разузнавачкиот комитет на Конгресот објавија меморандум на шест страни кој обелоденува тајни информации за работата на ФБИ во истрагата против Трамп и пропустите што Федералното биро ги има направено.
Сè што организирано е против Трамп не може да дочека конечно да се докаже целата афера околу руското мешање во американските избори и победата на Трамп, нешто што исто така може да се толкува како колективен мелем за стравот и паниките од времето во кое се најдоа и сите промени што се случуваат. Исто така веројатно е и дека е претерано со доделувањето супермоќи на Путин и неговата способност за глобален куклар.
Како прво ќе ги закрпи за 5 милијарди долари а како второ ги носи на федерален суд за да платат за штетата што ѝ ја имаат направено на климата на Њујорк и здравјето на неговите граѓани.