Додека многу други се заробени во кладилници, социјални мрежи, партиски вртлози и слични македонски црни дупки кои голтаат сè што ќе се најде во нивна близина, Попстефанија го има дигнато нишанот на својот телескоп малку повисоко. Дечкото е дел од тимот кој ја направи првата фотографија на црна дупка во вселената, нешто што Ајнштајн го прави махер а Њутн малер на колото.
Вчера, 25ти октомври 2018, во хотел „Холидеј Ин“, ДИЈАЛОГ – Центарот за делиберативна демократија од Прилеп ја презентираше студијата на тема „Проценка на влијанието на регулативата за употреба на јазиците во Македонија“ од авторките д-р Јосипа Ризанкоска и доц. д-р Јасмина Трајкоска.