Усните покажуваат дали доживувате оргазам!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Делчево денес.

Што телото зборува за вашиот сексуален живот? Можеби вашето тело нема да сака да ви признае, но тоа ви открива три интересни факти за организмот и за ниските страсти…

uani
uani

По усните се познава оргазмот

Изгледа дека не се само женските долни усни одговорни за сексуалното уживање. Не мислиме на бакнежите во текот на предиграта, мислиме на самиот изглед на усните. Стјуарт Броди, професор кој ја спровел студијата на оваа тема, сигурно имал многу интересни моменти по запознавањето на женски личности, бидејќи тврди дека преку изгледот на нивните усни може да се утврди дали тие се способни да доживеат вагинален оргазам.

Во студијата учествувале 300 жени, а откриено е дека жените кои имаат поизразено вдлабнување на горната усна, имаат и поголема склоност кон вагинални оргазми.

Чоколадата не е афродизијак

Тажна вест за љубителите на чоколадата, но и на сексуалните игри. Овој деликатес нема да ви помогне да ја одведете партнерката во кревет. Освен ако го купите во многу големи количини и го послужите на крстосување со вашата јахта.Во спротивно, за жал, фенилетиламинот и триптофанот кои ги содржи чоколадата, а се задолжени за чувство на среќа и љубов, нема да бидат доволни за љубовни подвизи. Сепак, мора да признаете дека од повеќето разбиени митови, овој е еден од највкусните.

Прстите на мажот ја откриваат големината на неговиот пенис

Се сеќавате на „класиката“- погледни ги стапалата, одбери го мажот? Заборавете го тоа. Не постојат докази кои го подржуваат ова тврдење.

Сепак, некои мажи не треба да очајуваат. Студијата покажала дека постои поврзаност помеѓу показалецот и средниот прст, односно колку што е помал односот на големината на овие два прста, толку е поголем пенисот. Наводен „виновник“ за ова е, како што тврдат стручњаците, преднаталниот тестостерон кој покрај прстите го зголемува и половиот орган.

26 ноември 2018 - 13:04