Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.
Давид Дејвис менуваше дури три голманки (Амандин Лејно, Ина Суслина и Мајсу Песоу) но 32-годишната Катарина Булатовиќ вечерва беше неверојатна и со 14 гола ја прекина победничката серија на Вардарки. 28:31 (16:17).
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Целје 35:30 во 12. коло од групната фаза на елитната лига и на две кола пред крај има големи шанси директно да се пласира во четвртфиналето.
Во дуелот од 11. коло од Лигата на шампионите, Вардар на гостински терен го совлада Пик Сегед 21-23 (11-12) и се зацврсти на првото место во групата Б.
Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.
Ракометарите на Вардар со победа ја отворија 2017-та во Лигата на шампионите и стигна до седми триумф во 10-то коло од групната фаза. Разликата во квалитет беше пресудна на оваа балканска пресметка во елитното натпреварување.
По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.
Во сенка на Светското за мажи, вечерва почна главната фаза на женската Лига на шампиони. Вардарки ја совладаа црногорската Будуќност 28-31 која загуби на домашен терен првпат после цели четири години.