По убедливиот триумф над европскиот шампион минатиот викенд, Вардар и вечерва демонстрираше страшна форма и го прегази германскиот шампион Некар Левен со 27:33 (16-17).
Ракометарите на Вардар ја забележаа и четвртата победа во исто толку кола во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекувањата ја совлада 30:27.
Во третиот меч од групата Б во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар успешно го пребродија гостувањето во Словенија 26-32 и дома се враќаат со нови бодови.
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар надмоќно победија на гостувањето во Шведска против Кристијанштад 23:28 (12:15) и ги заокружија првите бодови во новата сезона во Лигата на шампионите.
Ракометарите на Веспрем ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако вечерва беа подобри од Вардар во првата од трите предвидени борби меѓу овие два големи ривали кои ќе се судрат и во четвртфиналето од ЛШ.
Вардар во сабота од 18:00 часот го игра реваншот против полската Висла Плоцк, екипа која се извлече на првиот дуел по водството на Скопјани од четири голови разлика на четири минути пред крајот и ремизираше 30:30.
Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.