Мнозинството од тие што гласаа за напуштање на ЕУ почнаа да го воочуваат проблемот што луѓето кои ја водеа кампањата за останување во Унијата го имаа уште од првиот ден - брегзитерите немаат поим од економија, и како таа функционира.
Бизнис светот неделата ја почна со информацијата дека Волмарт го купува конкурентот на Амазон, Џет (jet.com), за над 3 милијарди долари. Тука некаде и кулминира приказната за 29-годишниот Ерик Мартин, кој од понеделникот стана милионер.
Не сме баш сигурни околу споредбата со GoT, но во книгата на Хусеин дефинитивно има некакви племиња и некакви политички интриги. За останатото, ќе мора да се прочита.
Деновиве ќе полнеше 58 години а нам уште не ни проаѓа неверитисот дека си отиде. Не е лош тој ескапизам, по цел ден да слушаш Принц и Боуви и да гледаш стари бокс мечеви со Мухамед Али. До даљнег, на мртвите светот останува.
Суетни и елоквентни какви што обично се, познатите писатели знаеле да напишат отровни писма до нивни колеги, критикувајќи ги за сè и сешто. Кога пак нивните читатели доволно се описмениле, и тие почнале да им испраќаат пофални, но понекогаш и гневни писма на домашна адреса. Денес сè е на ачик.
Го имавме Двејн Џонсон и неговата исхрана (тука), па го имавме обичниот смртник што проба да се храни како Двејн Џонсон (тука). Сега, на барање на публиката (неговата), Хафтор Бјорнсон на Фејсбук ја објави својата дневна исхрана.
Мирослав Илиќ веројатно би му рекол дека му е слаб трилерот, Босанац остромно би приметил дека кандидатот не е од Живинице, Карлеуша би му плеснала дека никогаш од него нема ѕвезда да бидне дур така просто се облекува, а Цеца стручно би заклучила дека сепак дечкото е добар "у доњим лагама".
1973 година, 45-то доделување на Оскари. Презентери се Лив Улман и Роџер Мур, обајцата светнати ко гувернер Богов. Главен јунак на ова видео е Марлон Брандо кој добива награда за најдобра машка улога за ролјата во филмот Кум. Марлон Брандо го нема во ова видео.