Колку што тифозите на Интер го засакаа Лукаку, толку навивачите на Манчестер Јунајтед заборавија на Белгиецот, а во тоа им помага едно младо момче кое скоро дебитираше за прв тим, а остава впечаток како таму да е 5 сезони.
Иако навивачите на Јунајтед за поразот во Казахстан бараат алиби во тоа што тимот играл со млади и анонимни играчи, сепак реномето на некогаш најголемиот светски клуб е паднато на многу ниски гранки.
После малиот Фати од Барса кој од коло во коло руши некакви рекорди, сега дојде ред и на Мејсон Гринвуд, 17-годишниот бисер на Манчестер Јунајтед кој го постигна победничкиот гол против Астана на „Олд Трафорд“ во Лига Европа.
Првиот голем трансфер во Европа бидна. Го направи Реал Мадрид, откако потпиша договор со српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, шпиц кој сезонава растури во Лига Европа и Бундеслига.
По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.
На полувремето од мечот во Лига Европа меѓу Зорја и Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ на едно дете кое влета во теренот му го даде дресот и покрај тоа што редарите се обидуваа да го тргнат малиот. На крајот, Ибра со гол стави точка на победата на Јунајтед.
Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Со два убави гола на дебито за првиот тим синоќа, 18-годишниот Маркус Рашфорд стана најмладиот стрелец во клупската историја и го сруши рекордот на легендарниот Џорџ Бест.