Откако Реал Мадрид одби финалето на Копа дел Реј да се игра на Сантијаго Бернабеу, шпанската јавност две недели дебатираше за тоа каде Билбао и Барселона ќе се борат за пехарот од Кралскиот куп. На крајот се изгласа Камп Ноу.
Аргентинецот во 2015. година даде 20 голови и 12 асистенции, со што поведе во трката за Златна Копачка и стана деветтиот најдобар стрелец во историјата на европскиот фудбал
Фудбалерот од средниот ред на Севиља синоќа на гостувањето против Виљареал го постигна најбрзиот гол во Лигата на Европа, но тоа не е рекорд на сите европски натпреварувања.
Со реванш натпреварите од осмина-финалето, вечерва продолжува елитната Лига на шампиони. Челси и Баерн Минхен имаат поволни резултати, но не и гарантиран пласман понатаму против ПСЖ односно Шахтјор.
За 90 денови, Барселона ќе го игра петтото финале на Копа дел Реј во последните седум години. Откако станаа единствен шпански клуб што го освоил „требле“ (тројна круна) во сезоната 2008/2009, Каталонците до денес играа четири пати на завршниот натпревар од Купот.
Во првите натпревари од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Каталонците го совладаа Манчестер Сити на гости 1:2, а Јувентус со идентичен резултат го совлада Дортмунд. Реваншите се за две недели.
Вечерва во Торино ќе играат екипите што го создадоа европскиот класик во 90-те години, а во Манчестер, тимот на Сити ќе ја пречека Барселона во реприза на 1/8 финалето од лани.
Ако Норвежанецот Мартин Одегард заигра за Реал Мадрид во двомечот против Шалке од ЛШ, ќе стане најмладиот фудбалер што настапил во историјата на ова натпреварување. Ова е листата на 10 најмлади дебитанти.
Иако беа фаворити фудбалерите на Баерн Минхен кои околу половина час играа со фудбалер помалку не успеаа да ја затресат мрежата во Доњецк. Нерешено беше и на Паркот на принцовите, каде ПСЖ се врати по негативата од 0:1 и потоа пропушти зрели шанси за пресврт.
ПСЖ и Челси повторно ќе играат во нокаут фазата од ЛШ, откако лани во четвртфиналето клубот од Лондон отиде понатаму со гол на гостински терен. Баерн и Шахтјор осминафиналето ќе играат во Лавов, град оддалечен преку илјада километри од Доњецк.
Барселона, Манчестер, Евертон, Неапол и Рим викендов ќе бидат градовите во кои ќе се играат дерби натпревари. Конкурентноста за врвот ги прави овие средби уште поголеми и потензични.