За да не се повтори трагедијата на унгарскиот талент од Бенфика или Камерунецот кој играше за „Граѓаните“, лекарите го предупредиле малиот Синан од Призрен да ја прекине фудбалската кариера иако талентот го одведе во гигантот Манчестер Сити.
Рецептот за долговечност го има човекот за кој малку кој би покажал со прст а тој е секогаш на позиција, спремен да се бори додека го држи сила. Тивок, внимателен, концентриран и голем професионалец. 21 сезона!
Дошол на грандиозниот „Луж“ на 16 години од Бразил и за него немало место во пеколната голманска конкуренција, па го дале на третолигаш. Таму Едерсон покажал зошто ќе биде иден долгогодишен голман на „Кариоките“ и зошто Гвардиола потроши 40 милиони евра на него.
Во овие 9 години откако Забалета е во Сити се менуваа претседатели, тренери, управи, играчи, а само тој никогаш не се смени. Остана борец кој играше за „граѓаните“ дури и кога морал да оди на операција на скршениот нос.
Како и многу други бразилски феномени со топката, така и Габриел Жезус растел во сиромашна средина, без перспектива, но талентот за фудбал го донесе во најбогатиот европски клуб каде го тренира еден од најдобрите учители на денешницата.
Израснат во сиромашно семејство меѓу малолетни родители, Агуеро својот фудбалски пат го одел од прашливите игралишта во Килмеш, преку Индепендиенте па сè до Мадрид и Манчестер. Ќерката на Марадона му роди син, но потоа се раздели со неа.
Сите 16 клубови пред осмина-финалето пратија до УЕФА нови листи на регистрирани фудбалери, а тоа ќе им овозможи на јануарските засилувања да ја осетат магијата на најелитниот клупски фудбал.