Фудбалерот на Манчестер Сити го прославува секој гол со кренати раце кон небото, во чест на неговата мајка која почина пред некоја година од рак. Некогашниот англиски репрезентативец вчера по дуелот со Стоук направи гест, со кој “ја купи“ целата англиска јавност.
Откако Реал Мадрид во јануари го купи вундеркиндот Мартин Одегард, се потсетивме на неколку фудбалери кои тешко се носеа со товарот „новиот Пеле" или „новиот Роналдо". Немаа среќа или немаа сила да го издржат притисокот?
Многу пензионирани НБА играчи, по кошарката се фатија за голф и тенис. Кога легендарниот шести играч на Чикаго Булс се повлече, до ден денес не игра ништо друго освен голф, спорт во кој стана државен шампион на Хрватска.
На високите Анди во Чиле, планинарска експедиција пронајде остатоци од авионот кој се сруши пред 54 години и во кој загинаа 24 патници. Меѓу нив има осум фудбалери на тимот Грин Крос (Зелен крст) од чилеанската прва лига.
Во јануари 2005. година, Интер го пазареше најдобриот бразилски голман кој претходната година ја освои Копа Америка со Бразил и веднаш го позајми во Киево поради големиот број на странци. На Бентегоди беше четврт голман.
Норвешкиот вундеркинд и официјално е нов играч на Реал Мадрид, клуб кој во него гледа нов миленик и нов Кристијано Роналдо. Тренер ќе му биде Зинедин Зидан, а во Реал ќе се вработи и татко му.
Малиот коефициент во кладилница за победа на Роналдо, се покажа дека на апсолутниот фаворит нема да му избега одбраната на „Златната топка“. Најголема поддршка доби од Европа и Африка.