Пред некое време пишувавме за безобразната руска азбука од 1931, чиј автор изработувал споменици на Сталин.Сега откривме верзија со латинични букви, која има една предност - се мрда.
Англискиот се зборува во толку различни краишта од светот што е сосема нормално тој да си има свои локални особености. Еден лингвист од Уганда објави книга во која детално ја опишува историјата, еволуцијата и граматичките особености на оној англиски кој се зборува во неговата татковина. Некои од примерите се цепки.
Има еден виц, кога во некое од нашите села требало да се прикажува шведски филм, па селаниве се испотепале да дојдат до карта за на крај да сфатат дека „филмот не е шведски, туку советски“.
Фотките на Ријана во магазинот Луи покажаа едно згодно науљено тело (глупо е да напишеме замастено ко да е свеќица од Фиќо), фини цициња, една тетоважа под нив и пирсинг на брадавицата. Но, истите фотки обелоденија уште една работа: колку Плејбој е веќе нерелевантен.
Еден ден по потпишувањето на законот за воведување на построги казни за хомосексуалците, таблоид од Уганда објави список со имиња на топ 200 хомосексуалци во земјата. Луѓе на кои таблоидот им ја одреди сексуалната ориентација.