Камасутра типографија

Секс од А до Ш

Пред некое време пишувавме за безобразната руска азбука од 1931, чиј автор изработувал споменици на Сталин.Сега откривме верзија со латинични букви, која има една предност - се мрда.

Малика Фавре (Malika Favre) e француска дизајнерка која живее во Лондон (нејзиниот сајт тука). Во 2012 таа била поканета да направи обвивка за англискиот превод на „Кама сутра", луксузно издание на Penguin, кој за ваквите специјални проекти ангажира уметник кој од книгата треба да направи предмет за колекционери, и да ги поттурне границите на дизајнирањето корици.

Но кога веќе ги обликувала буквите од кои е составен насловот на книгата во форма на сексуални пози, таа одлучила истото да го направи и со остатокот од абецедата. 26-те букви освен во слики се претворени и во подвижни gif-ови. На здравје читање, со музиката на Гензбур.

 

 

29 декември 2014 - 15:43