На чекор сме од едно ТВ шоу од домашна продукција на кое однапред блесаво му се радуваме. Наместо она глупо Звезде гранда, да зјапаме во нешто што би се викало „Ѕвездите на Заев“ (иако нас поише би нè бендисал попрецизниот наслов: „Ѕвездите на бандата која ни го смени името“), во кое наместо Карлеуша, Марија Шерифовиќ и бркат Босанац, во жирито би седеле Кирацовски, Радмила и слични ведети кои би бирале опозициони ѕвезди по свој вкус. Како џинглови би оделе Стојанче, Љубе, Крсте и други успешни примери кои продукцијата ги црпнала и ги направила луѓе.
11 март 2019 - 09:21