Дуелот на двајца вонземјани

Како на некои луѓе им изгледаше тој фамозен дуел Заев - Мицковски кој помпезно беше најавуван како дуел на деценијата (каква деценија, таков дуел, јеби га). Бонус: неколку Хичкоковски камео појавувања на Боки 13.

Пошто стварно не го гледавме дуелот (и не мислиме да го гледаме, куп работи нè чекаат на Нетфликс), ни остана за него да се информираме од зналци и проверени пера.

На пример:

„Прво, дознавме дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се релативно блиску до постигнување конечен договор за законот со кој Специјалното јавно обвинителство ќе се инкорпорира во Јавното обвинителство“.

Бранко Героски, Плус инфо, 26.3.2019

На пример:

„За СЈО, галиба, меѓупартиски договор ќе нема, впечаток е дека прашањето и двете страни повеќе го третираат пропагандно, отколку политички“.

Сашо Орданоски, Плус инфо, 27.3.2019

Затоа, пуштете си го уште еднаш горниот дуел и ич да не ви чуе.

 

 

 

 

27 март 2019 - 12:07