Референдумски писма на читатели

Единствена опасност е на референдумот да биде изгласано мнозинско „НЕ“ за Република Македонија. Ама па, ако мнозинството граѓани на Република Македонија се за тоа, тогаш ние навистина не заслужуваме да бидеме Република Македонија.

Смачено ми е од читање критики од ВМРО-вски кујни, од СДС-овски елити, од разочарани Шарени, од Левици, од незадоволи лукративци, од измамени граѓани-жртви, упатен икон оваа власт за тоа што се има згрешено на народот и на Македонија!

Сакам да прашам, а еве и вие ако можете да ми одговорите:

ИМА ЛИ НЕКОЈ НЕКАКОВ ПЛАН?

Еве на пример, што со името? Дали некој планира да го врати името „Репблика Македонија“ и како?

Додуша Мицкоски кажа дека ќе го врати ако има двотретинско мнозинство во собрание плус бадинтерово мнозинство!? Тоа во превод значи дека нема намера да го врати името „Репблика Македонија“.

Героски предлага ние да си го користиме името, така во кулоари, нелегално, ама да стане тоа обичајно право.

Солза Грчева предлага референдум за тоа „дали сте за поништување на Преспанскиот договор“.

Апасиев верува дека уставниот суд има моќ да го реши прашањето.

Постои и опција која не е толку експлоатирана во јавноста. Посредно ја отвори Ципрас со тврдењето дека Грција се залагала за тоа Македонија да не се одвои од пакетот со Албанија за пристап во ЕУ, со што индиректно значи кршење на Преспанскиот договор. Тоа би значело тужба пред меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Еве јас имам свој предлог.

Да се распише референдум со прашања:

1.Дали сте за тоа нашата држава да се вика Република Македонија?

2.Дали сте за тоа нашата држава да стане членка на НАТО?

3.Дали сте за тоа нашата држава да стане членка на ЕУ?

Еден реферандум со оделни три прашања и три посебни ливчиња за заокружување, ДА или НЕ.

Кои се предностите на овој план?

- Со минатиот неуспешен референдум, поради прагот на излезност, ја става под знак прашање и вољата на народот за пристапување кон НАТО и ЕУ. Со овој референдум ќе се охрабрат сите граѓани и оние кои не се „ЗА“ Република Македонија, да излезат на гласање.

- Со формата „референдум“ се избегнува можноста за едно вакво големо прашање да решаваат разни судови, каде постапките можат да бидат долги и каде сепак решаваат мал број на луѓе, кои се сепак поединци и можат да бидат поткупени, уценети, застрашени, репресирани и слично.

- Со ваква форма на референдум се избегнува поставување на прашање кое ќе биде поврзано со „меѓународно ратификуван договор“ што само по себе може да стане замка со непредвидливи последици за иднина.

Кои се маните на овој план?

- Единствена опасност е на референдумот да биде изгласано мнозинско „НЕ“ за Република Македонија. Ама па, ако мнозинството граѓани на Република Македонија се за тоа, тогаш ние навистина не заслужуваме да бидеме Република Македонија.

Борче Петровски

24 октомври 2019 - 11:38