Интел уште му продава на Хуавеи, Микрон уште му продава на Хуавеи, а во меѓувреме ништо не е сменето околу американската одлука дека Хуавеи е закана за американската национална безбедност.
Конечно се одлучивте и на тој потег – купивте дом. Супер! Сега, редно време е да го опремите со апарати за домаќинство. Дел од вас можеби решија да реновираат и да внесат новитет во домот? Тука пресметките не застануваат, а цифрите континуирано се зголемуваат.
За корисниците, иновациите кои се случуваат “зад завесите“ се речиси невидливи, а важен е само крајниот производ. Оние пак, кои се дел од мобилната индустрија знаат дека се работи за процес на постојано осмислување нови решенија за постоечките или перцепираните потреби на корисникот на паметниот телефон, како и тежнеење кон совршенство.
Во времето кога беше клучно мобилниот да е што е можно помал цената на водечките модели беше околу 200 долари (таму каде што е важно), пред некој ден беше објавено дека првите смартфони на отворање ќе чинат од 2.000 долари па нагоре.
Додека американските технолошки компании пријавуваат проблеми со намалени приходи главно заради слабата продажба во Кина, кинески Хуавеи има проблем да стапне во САД исклучиво затоа што американската влада одлучи да забрани работење на компанијата на нејзината територија.
Саемот за потрошувачка електроника бидна и за годинава, и стандардно донесе нова генерација на најразлични електронски производи што најочигледно ќе ти покажат колку многу е застарена опремата што ја имаш по дома.
Шел од Самсунг (да прават и бродови) го нарача најголемиот брод во историјата на човештвото, се вика Прелуд, долг е 488 метри (подолг од 4 фудбалски стадиони) и има волумен колку 6-те најголеми носачи на авиони во светот заедно. Им треба за природен гас.
Откако неколку години флертуваше со други производители (Тајван Семикондуктор Мануфактуринг), годинава Епл легна на брашното и потпиша договор според кој од 2016-та Самсунг ќе ги произведува чиповите за сите идни Ајфони и Ајпади. До сега Самсунг сериозно крвавеше заради заминувањето на Епл.
Денот на самците е нешто како анти-Валентајн празник кој во Кина се слави последниве две децении. На овој ден, само една компанија, Алибаба, ќе има поголема продажба отколку што во САД на Црниот петок и на Сајбер понеделникот заедно ќе биде продадено преку интернет.
Годишно Микрософт од Самсунг заработува повеќе пари отколку што му носaт Скајп, Виндоус телефонот и ИксБокс, заедно. Се на се, околу 1 милијарда долари им се од Самсунг.