- Претседателот на тој ентитет, Саво Миниќ, најави дека на парламентот ќе му го предложи Игор Додик за премиер.
- „Тој е најмлад мандатар во историјата на Република Српска и очекувам до средината на декември да ја комплетира владата,“ изјави Миниќ.
- Долгогодишниот лидер на Република Српска, Муилорад Додик, кој има забрана за бавење со политика шест години претходно го опиша синот како „најперспективно име“ во владеачката партија на независните социјалдемократи и рече дека нејќе да биде кочен само затоа што му е син.
- Игор Додик најави дека неговата влада ќе ја уважува ЕУ само ако Унијата ја уважува Република Српска.
- Откако остана без настап на сплитската „Рива“, Дино Мерлин би можел да се соочи со уште едно откажување. Овој пат, неизвесна е судбината на неговиот нововогодишен концерт во црногорски Бар, закажан за 1 јануари 2027 година, поради високите трошоци за организација.
- Мерлин требаше да настапи на 30 декември во Сплит но по бројните реакции за цената на настапот, градоначалникот Томислав Шута објави дека Сплит нема да го потпише договорот.
- Подоцна тимот на Мерлин објави дека понудената и прифатена цена за ангажманот била 140.000 евра бруто. За Бар се спомнуваат вкупни трошоци од 300.000 евра.