Интернационалниот фестивал на филмската камера
„Браќа Манаки" – Битола и Вип оператор имаат ретка чест да објават дека српската актерка
Мирјана Карановиќ, што генерации гледачи ја препознаваат од голем број легендарни филмови од територијата на поранешна Југославија, го потврди учеството на реномираното Сценаристичко катче „Браќа Манаки" 2013. Карановиќ лично ќе го претстави и развива своето сценарио под наслов Добра сопруга.