Во нејзината кариера судбинска улога одигруваат филмовите Татко на службен пат на Емир Кустурица и Грбавица на Јасмила Жбаниќ, инаку добитник на Златна мечка на Берлинскиот фестивал. Во меѓувреме глумеше и во проекти како Буре барут на Горан Паскаљевиќ, Јагода во супермаркетот на Душан Милиќ, Андерграунд на Кустурица, Сведоци на Винко Брешан (со што беше првата српска актерка која глуми во хрватски филм после војната), како и во филмовите на делод најголемите југословенски и српски режисери (Горан Марковиќ, Лордан Зафрановиќ, Боро Драшковиќ, Жика Павловиќ, Вељко Булаиќ). Позната е и по бројни улоги остварени на телевизија (серијата Ќе се вратат штрковите) и во театар. Критичарите ја нарекуваат најголемата балканска актерка на сите времиња и често ја споредуваат со Мерил Стрип. Професорка е по глума на Српската академија на уметностите, а во Битола доаѓа со желба да научи повеќе околу техниката на пишување сценарија, што уште еднаш го потврдува високото реноме и престижот на сценаристичко катче.
Останатите селектирани проекти на работилницата која ќе се одржи на 18 и 19 септември:
Саулиус Друнгал – Зукерзеит, Литванија
Иван Мариновиќ – Црна игла, Црна Гора
Томи Алексов – Скриена камера, Македонија
Даријан Пејовски – Септември, Македонија
Ѓорче Ставрески – Крани, Македонија
Програмата овозможува дводневна турусна работилница на развивање сценарио со Елма Татарагиќ, експерт за сценарија т.н. скрипт-доктор од Босна и Херцеговина, која меѓу другото беше сценаристот на филмот Снег кој ја освои главната награда на Critics Week Grand на Канскиот филмски фестивал.
Еден учесник на Сценаристичкото катче „Браќа Манаки" ќе биде награден со награда во износ од 1.500 евра, која ќе ја додели Дарко Башевски, директор на Филмскиот фонд на Македонија на 19 септември.
Сценаристичкото катче „Браќа Манаки" е понов проект на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки", чија цел е да ги потпомогне и да ги обучи филмските автори. Истото е поддржано од Филмскиот фонд на Македонија.
Десетина проекти биле досега развиени во филмови во рамки на оваа програма, од кои два се реализирани а еден ќе ја има премиерата на годинашниот „Браќа Манаки". Жената која ги избриша солзите на Теона Стругар Митевска со премиера на Берлинскиот филмски фестивал и Утре денот доаѓа на Минг Ли Чанг. Соба за пијано на Игор Иванов, филмот на отворање во 2013, исто така беше дел од Програмата. Останатите филмови се во претпродукциска и постпродукциска фаза како Мајкл Џексон на Дарко Лунгулов, Баиконур на Веит Хелмер, Лазар на Светозар Ристевски, Децата на сонцето на Антонио Митриќески.
34. издание на „Браќа Манаки" ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола и ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм Соба со пијано на режисерот Игор Иванов. Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на „Златната камера 300" за животно дело во 2013, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера" за особен придонес во светската филмска уметност. Жири-комисиите што ќе ги одредат наградите во натпреварувачките програми се во состав од реномирани интернационални личности од светот на културата и уметноста.
Со ИФФК Браќа Манаки и Вип оператор, многу повеќе светлина во Битола и во Македонија.
(комерцијален текст)