Да, се откажа затоа што смартфонот експлодираше и правеше пожари, ама проблемот е што ни Самсунг уште не знаат (или не кажуваат) зошто се случува ова бидејќи се покажа дека не е до батеријата.
Дизајнерскиот спор меѓу Епл и Самсунг околу изгледот на нивните смартфони го врати Врховниот суд 120 години назад во историјата, кога решаваше за случен случај: дали една лажичка е иста со друга лажичка.
Самсунг во 2014-та на маркетинг низ светот планира да потроши 14 милијарди долари. За 2013-та вкупната вредност на македонскиот БДП изнесува околу 10 и нешто милијарди долари.
Иако ХТЦ константно ја губи битката, директорите на Самсунг се уште се доволно загрижени околу конкуренцијата за да платат плукање против ХТЦ на интернет. Штом го читате ова, значи дека ги фатија.
Според муабетите и изворите од кои доаѓаат, речиси и да е сигурно дека Самсунг на 14-ти март ќе го промовира Галакси С4. Во април, уредот би требало да биде достапен во продавница.
Во изминатите неколку години, откако сериозно запнаа на промоција на мобилните телефони Самсунг стана еден од најпрепознатливите брендови во технологијата. Почетоците на Самсунг се во 1938-ма, кога е основана како компанија која извезува сушена риба.