Гугл ги впрегна инженерите на Моторола (која ја купи во мај годинава) на создавање на нов, софистициран смартфон, кој ќе биде директна конкуренција на Ајфон и Самсунг. Проектот има скроз Бонд име - "X phone."
Епл: Самсунг, да платите тоа што изгубивте на суд. Самсунг: она чиповите што ви ги правиме за Ајфон, само што станаа 20% поскапи. Некои судски трошоци имаме.
Една милијарда е една милијарда, ама Самсунг воопшто не беше главната цел на Епл. Целата работа беше напад на Гугл и подобро позиционирање на Епл во однос на останатите компании.
За Самсунг поразот значи глоба од 1,05 милијарди долари, за сите останати производители значи плаќање лиценци на Епл, доколку не сакаат и тие да завршат слично на суд.
Пред премиерата на кој било производ Епл воопшто нема потреба од правење на каква било рекламна кампања, призна директорот за маркетинг на Епл, Фил Шилер, на судскиот процес против Самсунг.